Управната зграда и механизацијата на општата болница во Охрид останаа без вода откако таа им беше исклучена поради неподмирени долгови кон МЈП „Проаква“. Претходно од водоснабдителниот систем беа исклучени студентскиот дом, подружницата на Македонија пат и Центарот за култура.


Управната зграда на болницата без вода

Од „Проаква“ велат дека нема селективност во исклучувањето и дека на ваков чекор јавното претпријатие се решило откако пропаднале повеќе месечните преговори за изнаоѓање решение за  сервисирање на долговите на правните лица кои се проценуваат на околу 4 милиони евра.


„Проаква“ должи еден, а и должат шест милиони евра – Б. Трпчески

Ништо помали неплаќачи не се ниту граѓаните кои на „Проаква“ за вода и должат над 2 милиони евра. Со ваков однос кон водата како општо добро не можеме да очекуваме дека ќе немаме проблеми во работењето, изјави директорт на „Проаква“ Бранко Трпчески непосредно откако ЕВН му ја исклучи струјата на јавното претпријатие поради долг од 1 милион евра.

 ohridnews
фото: Васко Бујароски