Почнувајќи од 1 јануари 2010 година, надлежноста за водење на матичната евиденција, издавањето на изводи и другите потврди од матичните книги на родените, венчаните и умрените, наместо Министерството за внатрешни работи, ќе ја извршува Управата за водење на матични книги. Оваа измена се должи на Измените и дополнувањата на Законот за матична евиденција.

Сите подрачни одделенија и канцеларии на Управата за водење на матичните книги, ќе бидат сместени во досегашните простории на СВР Охрид, каде што и досега се вршеа работите од матичното работење. Исто така и месните канцеларии во Мешеишта; Велмеј; Косел; Слатино; Сливово; Требеништа; Прентов Мост;  Пештани и Белчишта; ќе останат на постоечките локации.

Ohridnews