На царинската испостава Струга привремено се одземени 39 разни употребувани производи (централни единици за компјутери, тастатури , ЛЦД монитори, лаптоп компјутери  и фрижидери ), со вкупна вредност од 59.200,00 МКД, откриени на 11.03.2009 година, на влез во Република Македонија.

Стоката била пронајдена во товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, натоварено со стока со потекло од Швајцарија, а наменета за увозник од Косово. Возилото било управувано од лице со иницијали Б.Ш., македонски државјанин од с.Виштица Липково, соопшти Царинската управа.

Ohridnews