Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид го објави конкурсот за упис на студенти на втор циклус студии за академската 2024/2025 година. Како што посочуваат од Универзитетот пријавувањето е до 29 ноември, додека објавувањето на ранг листата е на 6 декември. Запишување ќе биде реализирано на 12 и 13 декември.
УНИТ Охрид нуди уникатна можност за специјализација и усовршување во неколку стратешки насоки, вклучувајќи информатички науки, мрежна безбедност, роботика, и дигитална бизнис аналитика. Придружете се на едно од водечките образовни институции во Македонија и остварете ги вашите академски и професионални цели, велат од Универзитетот.
Воедно ги посочуваат предности на студирањето каде студентите можат да изберат меѓу едногодишни или двегодишни програми, со висока флексибилност, да се стекнат со меѓународно призната диплома со 60 или 120 кредити (ECTS), практични и теоретски знаења за водечките инженерски технологии за информатичките и компјутерските науки, како и соработка со врвни професори и стручњаци во областите на технологијата, комуникациските мрежи и бизнис аналитиката.
Заинтересираните студенти може да се запишат на втор циклус студии на:
- Факултет за комуникациски мрежи и безбедност на студиските програми: Информатички науки и технологии – едногодишни (60 ЕКТС) и Информатички науки и технологии – двегодишни (120 ЕКТС).
- Факултет за компјутерски науки и инженерство: Компјутерска техника и информатика – едногодишни (60 ЕКТС)
- Факултет за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика: Информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци– двегодишни (120 ЕКТС)
- Факултетот за информатички и комуникациски науки: Дигитална бизнис аналитика – едногодишни (60 ЕКТС).
Повеќе инфомации за запишување и аплицирање на линкот.
OhridNews