Еден од плејадата фудбалери кои имаат настапувано за Охрид и Кораб е дефанзивецот Љупче Трпески. Тој во најавата за локалното дерби, кое ќе се одигра утре (15ч), во рамките од 21-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад вели дека ќе одлучуваат мали нијанси, бидејќи желбата за игра и победа ќе биде присутна во двете екипи.
Добро се познаваме, нема нешто што не знаеме за нас. Двете пресметки до сега ги одбележаа тврдата и жестока игра. Очекувам така биде и утре. Нам нема да ни биде прв пат да играме на теренот со вештачка трева и не мислам дека ќе биде некој минус, – изјави Трпески.
Дефанзивецот Трпески и голманот Никола Симоновски се единствени фудбалери во охридскиот состав, кои ги одиграа сите мечеви и никогаш порано не го напуштиле теренот. Трпески зад своето име запиша и еден погодок, во дуелот со Велешта додека Симоновски е неприкосновен кај голманите, со најмалку примени погодоци и најголем број на мечеви со „чиста“ мрежа.
Натпреварот Охрид – Корав се игра утре во 15 часот.
OhridNews