Директорот на ЈУ Национален парк „Галичица“, Васко Паскали, до Управниот одбор на установата поднесе оставка од функцијата, од лични причини.
Причина за оставката е лиценцата за вршење нотарска дејност, што недамна ја добил Паскали. Од причина што по сила на закон не може да извршува две јавни функции истовремено, Управниот одбор на НП „Галичица“ ја прифати неговата оставка.
Согласно прописите, УО на јавната установа за оставката на раководителот ја известил Владата, која, пак, треба истата да ја констатира и веднаш да предложи избор на вршител на функцијата директор на НП
„Галичица“ – Охрид.
Паскали кој во иднина ќе извршува нотарска функција, поднел оставка од сите јавни општествено – политички функции, вклучително и од местото секретар на ОО СДСМ Охрид.
OhridNews