Управниот одбор-УО, на Фудбалската федерација на Македонија- ФФМ, денеска во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид ќе одржи седница на која ќе бидат разгледани кандидатурите на петмината кандидати за генерален секретар.
За местото генерален секретар конкурираат актуелниот вршител на таа должност Илија Атанасовски, претседателот на Надзорниот одбор, Никола Костов, членот на УО, Драгољуб Матески, и двајцата надворешни кандидати Драган Томовски и Ештреф Сулејмани.
Денешната седница има предзнак подготвителна за стартот на новата сезона, закажан за 4 и 5 август. Покрај усвојувањето на листите за судиите, контролорите, ќе биде разгледано и барањето на скопска Локомотива за вклучување како 18-ти член на Втората лига.
М. Постоловски