УО на ФФМ на деншната седница одржана во Прилеп го одби како неоснован предлогот на ОФС Струмица за претседателската функција на ФФМ да го кандидира Масар Омерагиќ.

УО се повика на кршење на член 41. став 3 од Статутот на ФФМ кој предвидува кандидатот за претседател да биде делегат на општинското собрание одржано не подоцна од 30 дена пред стартот на Изборното Собрание на ФФМ, како и член 44, став 2 според кој поканите за делегатите на изборното собрание мора да бидат испратени најмалку 30 дена пред седницата на генералното собрание.

Според извештајот на Комисијата, условите за кандидати за Претседател на ФФМ ги исполнува Харалампие Хаџи-Ристески.

Предлогот на ОФС Скопје кој вклучува кандидат за претседател и член на УО ќе биде повторно вратен назад до ОФС на повторно изјаснување во согласност со чл. 50 , став 2 од Статутот на ФФМ според кој една општинска организација може да кадидира само една функција. Доколку ОФС Скопје не се изјасни во предвидениот рок, 20 дена пред стартот на Собранието, тогаш ќе се прифати кандидатурата за повисока функција , на Благоја Николовски за претседател на ФФМ.

ohridnews