УО на ФФМ на својата денешна седница одржана во х. Истатов во Нов Дојран по обемната дискусија во однос на извештајот на селекторот на А-националниот тим, Мирсад Јонуз за постигнатите резултати во квалификацискиот циклус за ЕП 2012г. донесе едногласен заклучок да не се прифати извештајот на селекторот.
Се констатирa дека се прекршени и не се почитувани одредбите од договорот склучен со ФФМ за извршување на функцијата и поради тоа селекторот и стручниот штаб на А-селекцијата се разрешуваат едногласно.
На самиот почеток на седницата по барање на селекторот , истиот поднесе усно образложение на доставениот писмен извештај при што на крајот потенцираше дека не поднесува оставка на функцијата и доколку биде разрешен од УО правата ќе ги бара по правен пат согласно договорот.
На својата наредна седница УО ќе расправа за условите за избор на нов селектор на А-националниот тим.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com