УО на НП Галичица на седницата што се одржа на 24 септември донесе одлука за разрешување на раководителот на оваа јавна установа, Андон Бојаџи. Информацијата ни ја потврди претседателот на УО, Спасе Панџак, кој информираше дека за да не дојде до правен вакум во извршувањето на функцијата, мандатот на Бојаџи ќе престане да важи од денот на изборот на новиот раководител.
Одлуката на УО на НП Галичица треба да ја потврди владата која го има последниот збор. Како најголема причина за смената на Бојаџи од раководната позиција се наведува тоа дека тој ги пречекорил службените овластувања и дека без консултација со повисоките органи самоиницијативно назначил раководител на трансграничниот проект Охрид-Преспа.
Како други причини се наведуваат уште и непреземањето соодветни мерки за време на големиот пожар што ова лето ја зафати Галичица, како и непреземање мерки за заштита на имотот на националниот парк во Свети Наум.
Дали и кога НП Галичица ќе добие нов раководител ќе зависи од одлуката на владата, а како најсериозен наследник на Бојаџи се споменува Зоран Ангелоски, кадар на НСДП.
ohridnews