Ситуацијата во Појасот Газа е „трагедија со колосални размери“, оцени денеска Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), еден месец по почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
УНРВА во објава на мрежата „Икс“ објави дека еден месец на луѓето низ Појасот Газа им била ускратена помош и поради бомбардирањето се принудени да ги напуштат своите домови.
Секој ден се борат да добијат леб и вода. Замрачувањата ги делат луѓето од нивните најблиски и остатокот од светот. Ова е принудно раселување и хуманитарна трагедија со колосални размери, се наведува во објавата на УНРВА на „Икс“.
OhridNews
фото. МИА/ЕПА