Имено, со овој Закон за формирање не беше определено името на Универзитетот и не беше прецизирано дека Универзитетот се основа и за информатички науки. Заради поголема доследност и почитување на стандардите на глобално ниво, а имајќи предвид дека досегашниот назив имплицира само применувачка, а не и научно-истражувачка дејност, извршено е допрецизирање на решенијата предвидени во овој дел на Законот, се наведува во информацијата.
Основната цел која што се сака да се постигне со предложеното изменување и дополнување на Законот е дефинирање на името на Универзитетот во Универзитет за информатички технологии и науки , на кој му се дава името на една од најзначајните светски личности “Свети Апостол Павле”, кој што го донел и проширил христијанството во Европа, основата на модерната западна цивилизација, велат од ВМРО ДПМНЕ, чии пратеници беа иницијатори на именувањето на новата високообразовна институција во Охрид.