Во насока на поттикнување и давање на дополнителна поддршка на учениците кои ќе полагаат математика како дел од матурскиот испит, Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид ќе организира тренинг курсеви за подготовка на матурантите за полагање на предметот математика.

Според најавите, курсевите ќе се одржуваат од 11-ти до 15-ти мај 2015 година, со почеток во 18 часот во времетраење од 3 часа.

-Тренинг курсевите ќе бидат пред сè насочени кон подготовка на матурантите преку решавање на тестовите по математика од претходните години, но и преку давање на совети и објаснувања во врска со сите нејасни прашања поврзани со содржината на тестовите. Курсевите се организираат под менторство на професор по математика, а истите ќе ги држат студенти кои го положиле предметот математика со највисока оценка, велат од Универзитетот.

Оттаму информираат дека сите заинтересирани матуранти ќе може да го пријават своето учество на следниве E-mail адреси: [email protected] и [email protected] најдоцна до 8-ми мај 2015 година.

OhridNews