Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во чии што рамки е Факултетот за туризам и угостителство во Охрид,  доби гранд од околу 27 илјади евра од средствата на ЕУ фондовите, наменети за образование. Овие средства се доделуваат преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус”.


Со доделениот гранд, оваа високообразовна установа, годинава ќе може да испрати 10 студенти, три професори и четири лица од административниот персонал, за студирање, размена на искуства и дообука на повеќе европски универзитети.

– Ова е особено значајно за македонските студенти, професори и ненаставен кадар затоа што на овој начин ќе имаат можност да поминат дел од своите студии на некој од европските универзитети и притоа да се стекнат со меѓународно искуство, да ги усовршат јазичните вештини и да се стекнат со компетенции кои ќе им бидат од голема корист во натамошното студирање и кариера, се вели во соопштението од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

OhridNews