Реконструкцијата на Домот на АРМ каде привремено ќе биде сместен Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид, е завршена  и останува уште да се доуреди внатрешноста на објектот, изјави денеска деканот на Универзитетот за информатички науки и технологии, Благоја Самакоски.

 – Во тек се ситни поправки и монтажа на опрема за амфитеатарот и канцелариите за наставниот кадар. Првенствено тоа е проект на Министерството за образование и наука и штом добиеме одобрение дека може да се вселиме во објектот ние тоа ќе го направиме, истакна Самакоски.


Благоја Самакоски

Самакоски изрази задоволство што Собранието го донесе Законот за промена на името на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“, кој во иднина ќе се вика „Св. Апостол Павле“.

-Тоа е еден континуитет на поврзување на Охрид со значајни настани и личности од историјата на Македонија. По доаѓањето во Европа, Апостол Павле најдолго време останал во Македонија, во Охрид и таа е симболичната врска меѓу христијанството и името на новиот универзитет, рече деканот Самакоски.

Ohridnews