Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид денес ќе ја одбележи 15-годишнина од своето основање, истовремено одбележувајќи го Патрониот ден на Универзитетот.

Настанот ќе се одржи во 12.00 часот, во амфитеатарот на Универзитетот, каде што ќе се прослават достигнувањата на нашата високо-образовна и научна институција. Настанот ќе собере видни гости, професори и студенти, кои заедно ќе го одбележат овој важен јубилеј на Универзитетот, посочуваат од УИНТ „Св. Апостол Павле“.

OhridNews