На 30 април 2025 година (среда), со почеток од 12:00 часот, во просториите на Младински Центар Охрид ќе се одржи Саем за образование и кариера, со цел да им понуди на младите луѓе од Охрид и околината директна можност за информирање, вмрежување и планирање на својата професионална иднина.

На саемот ќе учествуваат образовни институции од високо и средно образование, како и организации и академии кои нудат алтернативни форми на едукација и професионален развој.

Високото образование ќе биде претставено од:

  1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ)
  • Факултет за земјоделски науки и храна
  • Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
  • Машински факултет
  • Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

2. Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО)

  • Ветеринарен факултет
  • Факултет за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ)
  • Факултет за туризам и угостителство – Охрид
  • Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид (UIST)

3. Приватни универзитети, академии:

  • Европски Универзитет – Скопје
  • Меѓународен Балкански Универзитет – Скопје
  • American University in Bulgaria
  • Brainster Next College
  • Qinshift

Други организации:

  • Education USA
  • АСК (Асоцијацијата за советници за развој на кариера)

Средното образование ќе го претставуваат охридските средни училишта:

  • СОСУ „Св. Кирил и Методиј“
  • ОСУ „Св. Климент Охридски“
  • ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
  • РЦСОО „Ванчо Питошески“

Посебен сегмент на Саемот ќе бидат сесиите за индивидуално кариерно советување, каде учесниците ќе имаат можност за еден-на-еден разговор со професионални кариерни советници од Асоцијацијата за советници за развој на кариера, кои ќе понудат стручна поддршка за личниот и професионален развој на младите. Настанот е отворен за сите млади луѓе, ученици, студенти и млади професионалци кои сакаат да добијат информации од прва рака и да направат важни чекори кон нивната иднина, информираат организаторот, Младински Центар Охрид.

OhridNews