Денеска се одбележува Денот на човековите права и 60 години од донесувањето на Универзалната декларација за човекови права.

„Изработена меѓу крајно уништување и беда по Втората светска војна, Декларацијата ги одразува аспирациите на човештвото за иднина на просперитет, достоинство и мирољубива коегзистенција.Нејзиното усвојување беше патоказ. Денес, Декларацијата останува суштината на самиот идентитет на ОН.Предизвиците со коишто се соочуваме денес се исто толку застрашувачки колку и оние со коишто се соочуваа изработувачите на Декларацијата.Се соочуваме со итност за храна и со глобална финансиска криза.Нападот од страна на човештвото врз природната средина продолжува. Има политичка репресија во премногу земји.И како и секогаш, најранливите продолжуваат да бидат на предните линии на маката и злоупотребата. Најсреќливите меѓу нас, оние коишто се поштедени од најнегативните ефекти на катастрофата, сиромаштијата или нестабилноста, не смеат да се прават слепи. Каскадните ефекти од злоупотребата и рамнодушноста на крајот може да ја обземат целата планета.Правата, а особено нивното прекршување, целиот свет мора да го држат во солидарност“, изјави генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун.

„За многу луѓе, Универзалната декларација останува неисполнето ветување, затоа што политичката волја на државите за исполнување на нивните обврски за жал доцни зад нивните ветувања. Има особен ризик, со појавата на финансиската криза, светските најсиромашни и најмаргинализирани поединци и заедници да се соочат со уште побезизлезна ситуација од таа во која се наоѓаат во моментот. Сиромаштијата е и причина и резултат од прекршувањата на човековите права, и ќе треба да бидеме екстремно внимателни во текот на следните месеци за да обезбедиме дека ќе се одржуваат или подобруваат програмите за развој и мрежите за социјална безбедност, со цел ефектите од кризата да не станат катастрофални“, се вели во пораката на високиот комесар за човекови права, Нави Пилај.

Претставниците на Обединетите нации во земјава, заедно со Канцеларијата на Европската Унија во Скопје и Советот на Европа денеска организираат целодневен настан во ЕУ Инфо Центарот со повеќе содржини во знакот на одбележувањето на Денот на човековите права.

Ohridnews