Американското филмско студио Universal Pictures најави снимање на продолжување на „Светот Јура“ откако четвртиот во серијалот на диносаурусите заработи 1,5 милијарди долари.
Новото продолжение на сагата за Јурскиот свет ќе почне да се прикажува во кино салите во јуни 2018 година, според најавата.
„Светот Јура“ , кој делумно е продолжение на филмот „Паркот Јура“ на славниот американски режисер Стивен Спилберг, стана третиот филм во историјата со најголема заработка на кино касите по филмовите „Титаник“ и „Аватар“ и двата на Џејмс Камерон.
Во новото продолжение на „Светот Јура“ повторно ќе играат Крис Прат и Бри Далас Хауард, а ќе соработуваат со Спилберг како извршен продуцент, и со директорот на проектот Колин Тревор кој ќе биде сценарист. Официјалниот наслов на продолжението не е објавено.
„Светот Јура“ е снимен петнаесет години по последниот дел од трилогијата започната во 1993 година со „Паркот Јура“ на Стивен Спилберг. Станува збор за еден од најуспешните филмски серијали на сите времиња. Дејствието во „Светот Јура“ е сместено 22 години по настаните кои се случија во „Паркот Јура“.
Трите први филма врз основа на кои во 2015 година беше снимен „Светот Јура“, се снимени „Паркот Јура во 1993-та, „Изгубениот свет: Паркот Јура“ од 1997-ма и „Паркот Јура 3“ од 2001 година.
OhridNews
извор:„Макфакс“