Од јавната установа Национален парк велат дека уништивањето на информативните табли не претставува само вандалски чин, туку тоа е атак и врз младите од кои почнува едукацијата и всадување на љубовта не само кон паркот, туку и кон природата воопшто.
– Оттука произлегува и грижата кон природата и кон иднината воопшто, додаваат од Националниот парк.
Од јавната установа Национален парк Галичица информираат дека во наредните денови ќе биде извршена замена на оштетените информативни табли и изразуваат надеж дека во иднина тие нема да се уништуваат и ќе бидат во функција за што и се поставени, односно ќе служат за запознавање и информирање на посетителите за националниот парк.