Во водите на Охридското Езеро во
изминатите седум месеци запленети биле повеќе од 2.300 мрежи, соопшти
директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ванчо
Димитриевски. Запленетите рибарски мрежи денеска беа уништени на
депонијата во Мауцкер.

Запленетата риба согласно распишаниот тендер се предава на
угостителскиот објект„Инекс“ Горица, кој на неодамна спроведениот
тендер понудил цена од 650 денари за килограм, која била најповолна.

Димитриевски кажа дека запленетата риба се користи како доказен
материјал пред судот, а во најголем дел таа остануваат на анализа во
Хидробиолошкиот институт.

– Рибата со непознато потекло се прегледува од страна на ветеринарен
инспектор и во најголем дел
се уништува, рече Димитриевски. Тој најави дека неодамна била остварена
средба со колегите од албанска страна на која било договорено да се
спроведуваат координирани акции за заштита на пастрмката.

Ohridnews