Во последните 7 месеци во водите на Охридското Езеро запленети се вкупно 2,120 риболовни мрежи, соопшти денеска Државниот инпекторат за земјоделство. Нивната должина изнесува 100 километри што е речиси колку три должини на Охридското Езеро.
Запленетите мрежи денеска без уништени со палење на стрелиштето „Мауцкер“ во Охрид, заедно со уште 8,950 овошни садници и лозови калеми, кои нелегално биле одгледувани и продавани во охридско и струшко.
запленетите мрежи беа уништени на „Мауцкер“
„Големото количество запленети мрежи говори дека на Охридското Езеро царуваат рибокрадците и дека пастрмката немилосрдно се уништува“,изјави директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ванчо Димитриевски.
Тој информираше дека Државниот инспекторат поднел 16 прекршочни пријави против рибокрадци и изрази надеж дека тие ќе добијат соодветен судски епилог. Со новиот закон за рибарство и аквакултура, што е во собраниска процедура, се предвидуваат построги санкции за рибокрадците, рече Димитровски кој најави дека во иднина ќе бидат засилени инспекциските контроли на терен.
Покрај рибарниците и пазарите, ќе се контролираат и рестораните каде и покрај тоа што охридската пастрмка ја нема на листите за јадење таа може да се нарача.
Г. Момироски