Државниот инспекторат во Охрид изврши уништување на 1200 рибарски мрежи запленети од страна на рибочуварската служба на Охридското Езеро кои имаат должина од околу 50 километри.


запленети 1200 рибарски мрежи со стотици килограми риба

Директорот на државниот инспекторат за земјоделство, Ванчо Димитриевски, најави дека строгите контроли ќе продолжат и натаму не само на Езерото туку и во домовите на лица  за кои постојат сомневања дека се занимаваат со рибокрадство, против кои се поднесуваат и соодветни пријави.


Ванчо Димитриевски

Димитриевски сепак признава дека Охридското Езеро не е целосно покриено со физичка сила. „Ние имаме една рибочуварска служба која сега се  екипира и технички и кадровски, која во иднина ќе ја засилиме со што ќе се зголеми нејзината ефиксност“, рече Димитриевски. Тој информираше дека согласно новиот закон за рибарство казнените мерки се многу поригорозни и дека дел од нив ги изрекува Министерството за земјоделство, но сеуште проблем претставува бавното судство во кое заглавуваат голем број од поднесените пријави против рибокрадците.

Горан Момироски
фото: Васко Бујароски