Во депонијата кај поранешното воено стрелиште Мауцкер денеска беа уништени 2.380 рибарски мрежи со вкупна должина од 100 километри. Мрежите во водите на охридското езеро ги заплени рибочуварската служба во соработка со езерската полиција. Годинава ова е втор пат да биде уништена поголема количина рибарски мрежи со кои нелегално се лови риба во Охридското езеро.
Уништени 100 километри мрежи
Според експертите се работи за мрежи со многу мали окца кои предизвикуваат штети и кај подмладокот на рибата, што го загрозува природниот прираст на рибниот фонд.