Несовесни граѓани целосно ја уништиле монтажната библиотека која пред една година беше поставена кај Холандскиот парк, во рамки на проектот на Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ „ Земи книга, остави книга“. Од УМС на општинската ВМРО- ДПМНЕ, чии членови ја поставија библиотеката го осудуваат ваквото однесување на хулиганите,чија мета се почесто се јавните добра низ градот.
– Од Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ ги осудуваме ваквите појави и се залагаме за санирање на штетата, одржување и поставување на истите. Јавните добра се од интерес на сите граѓани без разлика кој ги поставил. Истото важи и за училишната библиотека во која љубителите на книгата можат да си разменуваат книги бесплатно. Библиотеката претходно исто така беше оштетена, а ние ја саниравме и сега повторно е уништена, потенцира Илија Арнаудоски од УМС на ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
Арнаудоски додава дека чувањето на јавните добра е од интерес на градот и единствениот пат за просперитет како заедница.
OhridNews