Германската Бундес лига доби нов член во своето друштво, откако Унион Берлин во баражот беше подобар од Штутгарт. Унион Берлин на гостински терен ремизираше 2-2, а на домашен одигра без голови и благодарание на погодоците во гости ги заокружи учесниците во Бундес лигата за следната сезона.
Унион Берлин кој е познат во Германија по симпатизерите за прв пат ќе биде дел од најквалитетната фудбалска лига во Германија. На другата страна, Штутгарт кој е трикратен шампион на Германија по трет пат ќе се пресели ранг подолу. Последен пат популарните „шваби“ испаднаа во 2016 година.
Покрај екипата на Штутгарт од Бундес лигата испаднаа Хановер и Нирнберг, а влез обезбедија Келн и Падерборн.
OhridNews