Sky Corner

Од 06.11.2021 - 21:00 до 07.11.2021 - 01:00

На 7ми Ноември, недела, се навршуваат 77 години од ослободувањето на Охрид од фашизмот. Во предвечерието на празникот, сабота, 6ти ноември, Ансамбл Билјана и пејачката Мартина Костова ќе настапат на заеднички концерт на староградска музика „Охрид Охрид убав мил“, што ќе се одржи во „Sky Corner“. На овој начин ќе се оддаде почит на генерациите кои ги положија животите за најдрагоцената придобивка – слободата.

Преку староградските охридски песни кои се уникатно охридско културно наследство и староградската охридска музика која треба да се негува и пее, културата и нашата музика ќе се пренесува од поколенија на поколенија преку песните кои се своевиден архивски документ за животот во Охрид, и само така Охрид ќе живее вечно. – порачуваат организаторите.

Концертот на староградска музика на Ансамбл Билјана и Мартина Костова на 6 ноември, сабота, почнува во 21 часот, а Sky Corner подготви специјално мени по специјални цени за посетителите.

Да го прославиме овој голем празник и ден за Охрид, онака како што доликува, бидејќи Охрид е убав, Охрид е мил! – порачуваат организаторите на настанот со кој ќе биде одбележата 77-годишнината од ослободувањето на Охрид од фашизмот.

OhridNews