Уникатната честитка на велосипедската трка „Тур де Франс“ кога две девојки го бакнуваат победникот заминува во историјата. Организаторите на една од најпопуларните велосипедски трки во светот се одлучија на ваков чекор поради половата еднаквост и искоренување на сексизмот во спортот.
Наместо две згодни девојки, на официјалното крунисување на победникот од сега ќе има едно женско, едно машко лице и претставник од главниот спонзор на трката.
Ќе ја задржиме церомонијата за прогласување на најдобрите, но ќе има промени кои се надевам дека ќе променат некои работи и во животот. – стои во соопштението од „Тур де Франс“.
Според, неофицијални информации згодните девојки за еднодневниот ангажман на „Тур де Франс“ заработувале и до 2 000 евра.
OhridNews