Од „Sup Club Ohrid“ на уникатен и креативен начин го честитаат Денот на независноста на Македонија од Охридското Езеро.
Овој клуб за “Stand Up Paddle Boarding” или стоечко веслање на даски е основан пред две години, со локација во населбата Канео. Членовите на уникатен начин им ги откриваат убавините на Охрид на странските и домашните туристи.
Целта им е преку спортовите на вода да се зголеми туристичката понуда за активности во Охрид, а воедно и да се зголеми примената на спортско-рекретивните активности.
Од тимот на „Sup Club Ohrid“ порачуваат да ги искористите последните денови на летото и да пробате едно вакво ново искуство.
OhridNews