Охридскиот музички виртуоз Богдан Василевски ќе го промовира неговиот нов проект едноставно насловен како “Богдан и Пријателите“ во петок на 06.11.2015 во кафе бар “Шила“.

Богдан ќе настапи заедно со веќе докажаните музички имиња Ненад Мурговски – Денвер (клавијатури и вокал) и Оливер Китаноски (гитара и вокал). Овaа музичка тројка најавува освежување на ноќниот живот и живите свирки во Охрид како и низ цела Македонија.

Инаку, Василевски е омилен кај охридската публика и познат по добрите забави и настапи со многу локални и музичари надвор од Охрид. Сите негови настапи досега во “Шила“ биле проследени со огромен број публика и забави за паметење.

Од “Шила“ за петок најавуваат одлична журка со најглемите македонски рефрени, полни љубов и позитивна енергија. Исто така напоменуваат дека поради ограничениот капацитет и огромниот интерес пожелно е навремено да се направат резервации.

OhridNews