„Биди хуман-донирај“ e насловена хуманитарната акција која ќе се спроведе денеска попладне на плоштадот кај Чинарот, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

-Сите граѓани кои сакаат да донираат чиста облека, обувки, средства за хигиена, употребливи апарати за домаќинство или играчки, истите ќе можат да ги достават на штандот кој ќе биде поставен кај Стариот Чинар од 17 часот. Собраните средства ќе бидат донирани на многудетни семејства, семејства со социјален ризик, деца без родители и родителска грижа, информираат организаторите на акцијата.

Тие ги повикуваат граѓаните да ја покажат својата хумана страна и да помогнат на социјално-загрозените охриѓани.

OhridNews