Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид пред одржувањето на денешната седница на Советот јавно го изразија незадоволството од работата на градоначалникот и советниците.
„Колкав е интересот на градоначалникот Петрески од носењето секој детален урбанистички план за изградба на згради или трговски центар изразен во евра долари или квадратни метри и дали тоа е пријавено во државната антикорупциска комисија“, јавно запраша претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Пецаков рече дека на само три дена пред почетокот на кампањата за избори, на кои градоначалникот Петрески е повторно кандитад за градоначалник, а Бранислав Трпчевски е носител на советничката листа на СДСМ, советот на општината носи детални урбанистички планови кои треба целосно да го сменат ликот на Охрид.
Ohridnews