Околу 10.20 часот претпладнево непознато маскирано лице ја ограбило експозитурата на УНИ Банка во скопскиот трговски центар „Мавровка“во центарот на Скопје, а украдени се околу 70 илјади денари , јави Макфакс.

Нема очевидци на немилиот настан. Вработените во околните продавници изјавиле дека за грабежот дознале кога пристигнала полицијата.

Екипата на МВР сеуште врши увид на местото  на настанот. Две групи на специјалната единица АЛФИ се во потрага по сторителот. Едната се упатила кон Стоковната куќа Мост, а другата  кон скопската населба Чаир.

Ohridnews