На Денот на здравјето, 7ми април, Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ јавно да им се обрати на сите здравствени работници во републиката изразувајќи им поддршка и благодарност за напорите кои ги прават во справувањето со коронавирусот Ковид 19.

Во овие несекојдневни моменти кога хуманоста, несебичноста и пожртвуваноста на медицинскиот персонал е на највисоко ниво сакаме да изразиме огромна благодарност до персоналот на Инфективната клиника во Скопје, Одделите за инфективни болести во Куманово, Дебар… ЈЗУ ГОБ 8ми Септември – Скопје и секаде каде медицинските сестри се во првите борбени редови против корона вирусот. – стои во пораката на ЗМСТАС.

Од име на Унијата и здружението „За нас“ Проф. д-р Јованка Караџинска Бислимовска од СЗО Колаборативниот центар при Инстиутот за медицина на трудот на Р.С. Македонија, ја пренесува пораката на Светска здравстена организација по повод Светскиот ден на здравјето за заедничка поддршка на медицинските сестри и акушерки во нашата земја и ширум светот.

OhridNews