Десетици илјади жители на Унгарија ги изгубиле своите паметни телефони на бројни прослави во Новогодишната ноќ, проценуваат експертите. Петер Береш, консултант во фирмата Сиконтакт задолжена за ИТ безбедност, вели дека имајќи ги во предвид љубопитноста на Унгарците и фактот дека повеќето телефони не се заштитени, преку 60 проценти од оние кои ќе ги пронајдат телефоните ќе можат да ги видат нивните содржини.
Тој, меѓутоа, наведува и дека на Божиќните прослави во Велика Британија се изгубени дури 138 илјади мобилни телефони и лаптопови. Предупредува дека дури 64 проценти од нив немаат никаква заштита. Според една британска анкета спроведена во 600 барови, просечно во еден локал се губат 12 мобилни телефони или лаптопови.