Унгарскиот ракометен првак Веспрем со 27-22 го совлада македонскиот шампион Металург во 11-та рунда од регионалната СЕХА лига.
Ракометарите на Веспрем уште еднаш покажаа дека сезонава се решени да „војуваат“ на сите страни за трофеите.
Покрај поразот „металурзите“ пружија солиден отпор и скапо ја „продадоа“ својата кожа.
На табелата Веспрем останува неприкосновен лидер со 100% ефект, а Металург со пораз се прости од публиката за 2014 година.
Мх.П.