на УЕФА, кој се одржа во Унгарија. На семинарот учествуваа единаесет
македонски тренери, на него се запознаваа со работата на Grass Root
проектот во Унгарија, а предавањата ги водеше Перр Ван Омдал.
–
Ни преставија повеќе проекти кои ќе бидат од огромно значење за мене
како координатор на Југозападниот регион . Ја посетиме младинската школа
на „Вашаш“ каде разменивме искуства со останатите тренери, а исто така
имавме посета на тренинг камп на фудбалскиот клуб Будакеши, кој се
натпреварува во пониските категории – рече Јанкуловски.
Земјата која е граница меѓу Европа и Балканот поседува огромен број стадиони кои можат да се користат преку целата година.
–
Во Унгарија имаше одлични услови за работа. Убавите терени и терените со
вештачка трева се неизбежен дел од нивната визија за развивање на
фудбалот – смета Јанкуловски.
Според него тоа е најголем
проблем во нашата земја, која нема соодветна инфраструктура за правилно
развивање на младите фудбалски надежи.
Учеството на семинар под
капата на УЕФА е второ за охридскиот стратег. Тој неодамна беше дел од
македонската тренерска експедиција која беше на предавања во Норвешка.