Унгарската војска ги заврши пробните 150 метри од оградата поставена на границата со Србија, која треба да ја спречи илегалната миграција. Поставени се четири вида на ограда, а унгарската влада во вторник ќе донесе одлука за тоа каква технологија ќе се примени за оградата на границата со Србија, долга 175 километри.

Законот кој одобрува во рамките на шенгенските граници да се прави ограда ќе стапи на сила на 1 август. Тогаш и официјално ќе почне изградбата на ограда на 10 до 12 локации долж унгарско-српската граница. Најавено е во тоа да учествуваат затвореници од унгарските затвори и 900 војници, кои е планирано да ја завршат оградата до 30 ноември оваа година.

Во изминатите 24 часа унгарската полиција фатила 1300 илегални мигранти, меѓу кои и 200 деца.

OhridNews

извор Телма