Селекцијата на Унгарија го скрши мразот и го запиша првиот бод во групата на смртта, ремизирајќи 1-1 (1-0) со актуелниот Светски првак Франција.

Унгарците беа поблиску до победата и трите бодови, затоа што поведоа со 1-0 и беа рамноправен ривал на „триколорите“, кои се главни фаворити за тронот на ЕП.

Радост за домаќините во првата минута од судиското продолжение во првиот дел донесе Фиола. Одбраната на Унгарија добро играше се до 66-та минута кога Гризман беше на вистинско место и одбиената топка ја смести во мрежата. „Триколорите“ пробаа да постигнат втор погодок, но унгарците покажаа квалитет и заслужено извлекоа бод.

Франција е лидер во групата на смртта со четири бодови, додека Унгарија има еден бод и со изгледни шанси влегува во последната рунда.

OhridNews