Фазата по групи на Европското првенство имаше неверојатен крај, откако мечевите во Е и Ф групите понудија неверојатни возбудувња и неизвесност до финишот.

Од Е групата во нокаут фазата патуваат Шведска како првопласирана и Шпанија како второпласирана, додека од Ф групата во елиминациите се Франција, Германија и Португалија.

Во Е групата немаше многу неизвесности со оглед дека Шпанија ја декласираше Словачка со 5-0, а Шведска ја потврди првата позиција со нов триумф над Полска (2-1).

Во ф групата возбудувањата достигнаа максимум. За се виновна беше Унгарија, која на крајот мораше да се соочи со елиминација. Унгарците прописно ја намачија Германија, која благодарение на Горецка обезбедија реми (2-2) и се спасија од елиминација. На мега дербито Франција – Португалија главните улоги ги имаа Карим Бензема и Кристијано Роналдо. Бензема и Роналдо постигнаа по два голови за егал 2-2.

На ЕП следува пауза од два дена, а мечевите продолжуваат в сабота со дуелите од осминафиналето.

OhridNews