Унгарскиот маратонец Лајош Берец триумфираше на 28. Охридскит атлетски маратон кој се одржува по повод денот на Независноста на Република Македонија.

Тој со време 1.42.28 прв ја мина триесет километарската делница од Свети Наум од Охрид и ја одбрани победа од минатиот 27. маратон.

Втор со време 1.48.56 заврши српскиот маратонец Велимир Бојовиќ додека тројката на пиедесталот ја комплетираше Саша Столиќ од Србија 1.49.10.

Во женска конкуренција триумфираше сопственичката на рекордот на Охридскиот маратон Ана Суботиќ со време 2.03.54. Втора финишираше Каталин Гарами од Унгарија додека трета заврши Росица Костова од Македонија.


Најдобриот македонски маратонец Кокан Ајановски заврши на петтата позиција вкупно, а прв меѓу домашните атлетичари со време 1.55.00.

Мх.П.