Меѓународна работилница „Хармонизација на прелиминарните листи на УНЕСКО во земјите од Југоисточна Европа. Културни пејсажи копнени и слатководни екосистеми“, ќе се одржи денеска во Охрид.
На дводневната работилница што ја организираат УНЕСКО во соработка со центарот за светско културно наследство, Белаџо форумот за одржлив развој и Институтот за територјални системи за иновации, учество ќе земат 11 дрежави од Југоисточна Европа-ЈЕИ.
Целта на работилницата е да ги поддржи земјите членки на УНЕСКО од ЈЕИ при идентификувањето на релевантните меѓународни именувања на најзначајни природни и културни локации, како и хармонизација на прелиминарните листи на светско наследство на регионално ниво.
Работилницата формално за отворена ќе ја прогласи државниот секретар во Министерството за животна средина Дејан Паноски, а во име на УНЕСКО ќе се обрати Џорџо Адријан.
ohridnews