Охрид има обврска да го сочува и соодветно да се грижи за културното и природното наследство, изјави директорот на УНЕСКО за стратегиско планирање Ханс Д’Орвил при неговата посета на манастирскиот комплекс Свети Наум и храмот Свети Климент на Плаошник.
Многу земји во светот прават се за да се најдат на листата на културно наследство на УНЕСКО, а Охрид и неговото езеро веќе ја имаат таа привилегија. Оттаму Охрид има обврска соодветно да се грижи за културното и природното богатство и затоса треба да одолее на современите предизвици и да ја сочува својата афтентичност, рече Д’Орвел.
Во октомври, Охрид ќе биде и центар каде ќе се одржи конференцијата на религиозните лидери од целиот свет и ова е вистинско место каде што ќе се води духовниот дијалог за мирот и меѓусебното разбирање, рече директорот на УНЕСКО за стратегиско планирање Ханс Д’Орвил.