Регионалната канцеларија на УНЕСКО со седиште во Венеција, ќе вложи напори за изнаоѓање средства за реставрација на повеќе цркви во Охрид. Акцентот како што најавуваат од УНЕСКО, ќе биде ставен на заштита на вредниот фрескоживопис во црквата Св. Богородица Перивлепта.


црквата Св. Богородица Перивлепта

Поради недостиг на средства засега е одложен проектот за изложба на вода, кој исто така го најави регионалната канцеларија на УНЕСКО. Оттаму информираат дека се чека менаџмент планот, по што ќе се знае кои проекти за заштита на културното наследство во Охрид ќе ги финансира УНЕСКО.

За споредба Албанија за оваа намена располага со околу 5 милиони долари, а од УНЕСКО се надеваат дека и Македонија би можела да добие приближно толку средства за заштита на природното и културно наследство.

Една од главните пречки за недобивање на соодветна финансиска помош од УНЕСКО се посочува недонесувањето на долго најавуваниот Закон за Охрид. УНЕСКО инсистира овој закон да биде донесено што е можно побрзо, а тоа според Министерството за култура може да се случи до крајот на оваа година.

Ohridnews