УНЕСКО ќе ја помогне промоцијата на Охрид во Светот како природно и културно наследство од непроценливо значење, како и заштитата на водените ресурси со кои располага регионот. Ова било договорено на состанокот помеѓу претстваниците на Националниот комитет со директорот на Регионалната канцеларија на УНЕСКО со седиште во Венеција, Енгелберг Роуз, што денеска се одржа во Охрид. На средбата станало збор и за двата локалитети кои се на времената листа на УНЕСКО, Маркови Кули и Слатински Извор кои според Министерството за животна средина заслужуваат повисок статус.
УНЕСКО ќе ја помогне промоцијата на Охрид во светот
Според најавите УНЕСКО во иднина силно ќе го помага Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро во рамки на програмата за заштита на прекуграничните води која во наредниот период ќе биде приоритет на светската организација. „Доколку тоа го обезбедиме ќе значи силен импулс за двете држави што позитивно ќе се одрази на заштитата на целокупниот еко систем“, рече Дејан Паноски-државен секретар во МЖСП.
Големи очекувања: Паноски и Роуз
Охридскиот регион покрај значајното културно-историско наследство располага со непроценливи природни ресурси, пред се со води кои како и секаде во светот се доведени во опасност заради климатските промени, и затоа овој регион е приоритетен за УНЕСКО, изјави – Енгелберг Роуз директор на Регионалната канцеларија на УНЕСКО со седиште во Виена. Тој најави дека УНЕСКО подготвува нова стратегија за заштита на културното и природното богатство во регионот. „Водата за пиење со која располага регионот мора да се заштити, а особено треба да се обрне внимание на подземните води и начинот како овие трансгранични води да се искористат. Тоа ќе биде клучно прашање за нашата иднина“, рече Роуз. Тој предупреди дека водата во иднина ќе мора да ја чуваме и користиме многу поинтелигентно и внимателно, максимално искористувајќи ја и во енергетски цели.
Одговарајќи на новинарско прашање, Роуз рече дека УНЕСКО во рамки на своите можности финаниски ќе помогне во заштита и промоција на охридскиот регион, во функција на одржлив развој.
ohridnews