Ќе се прави анализа за алтернативна рута на железничката пруга долж Коридорот 8, како и рутата од автопатот А2 Требеништа – Струга, согласно наодите на Реактивната мониторинг мисија и релевантните препораки на УНЕСКО. Предлог решенијата треба да бидат доставени до Владата најдоцна до 15 јануари 2020. Ова е една мерките усвоени на 139та седница, оджана неделава, на која беше разгледана информацијата за постапување по препораките на УНЕСКО. Одлучено е државата да продолжи со исполнувањето на релевантните препораки и одлуки на УНЕСКО, во насока на зачувување на статусот светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион. За таа цел Владата ќе формира работна група составена од функционерите на сите засегнати институции којашто ќе постапи по забелешките на УНЕСКО.

Министерството за транспорт и врски, е задолжено во соработка со Националниот парк Галичица и општините Охрид, Струга и Дебрца да изработи инвентар на нелегални градби во Регионот и истиот да го достави до Владата најдоцна до први септември оваа година.

Министерствата за животна средина и просторно планирање и за култура, се задолжени да изработат предлог План за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион, усогласен со Центарот за светско наследство на УНЕСКО, и истиот да биде доставен до Владата за усвојување, најдоцна до почетокот на декември 2019-та година.

Неодамна вонредни мерки за зачувување на статусот на УНЕСКО најави и општина Охрид. Отстранети се неавтохтоните палми и билбордите на крајбрежјето, а во тек е изработка на регистар на дивоградби кој треба да биде завршен месецов, по што, како што најави градоначалникот Георгиеским сите објекти кои нема отстапуваат од прописите, а ги загрозуваат позициите на Охрид во УНЕСКО ќе бидат урнати без оглед чии се.

Како што е познато, на претстојниот состанок на Комитетот за светско наследство што ќе се одржи на крајот од месецот во Баку, Азербејџан, ќе биде разгледуван Изветајот за состојбата со заштитеното културно и природно наследство на Охридскиот регион, кој е мошне неповолен и постои опасност единственото УНЕСКО подрачје во земјата да биде ставено на Листата на заштитени подрачја во опасност.

OhridNews