Комисијата за природни науки на УНЕСКО на завршната сесија на Генералното собрание во Париз на кое учествува и делегација на Република Македонија, усвои резолуција за глобална акција врз климатските промени.

-Станува јасно дека промените на климата ќе имаат импликации врз економијата , социјалата и културата на живеење како и кон здравјето, храната, водата и живеалиштата, вели Дејан Паноски – член на македонската делегација.

УНЕСКО во резолуцијата побара луѓето да бидат активни во промените, а не пасивни жртви. Напорите на светската организација во иднина ќе се фокусираат на начинот на управување , едукацијата и подигнување на свеста за последиците од климатските промени, додава Паноски.

Според научната јавност состојбата со глобалното затоплување на планетата Земја е алармантна. На тоа според нив укажува забрзаното топење на мразот на Арктикот. Поради зголемувањето на температурата се очекува Арктикот во наредните 10 години во лето да остане без мраз, но научниците сеуште не знаат какви ќе бидат последиците од глобалното затоплување кое драстично ќе ги промени природните текови.

Ohridnews