“Медиумската писменост е способност за ефикасно комуницирање ,споделување, разбирање или ширење на информации и на знаења преку медиумите или од медиумите”.  Вака деновиве ја дефинираа медиумската писменост  педесетина  професори  македонисти   од  основните училишта од Охрид, Дебарца, Вевчани и Струга, во рамки на семинарот  за Унапредување на Медиумската писменост во образованието во Македонија.


Основната  цел на овој семинар е  унапредување на медиумската писменост кај наставниците,  а преку нив унапредување на писменоста на учениците. Во рамки на семинарот беше разговарано за начинот на кој тие ќе можат да  ги унапредат своите познавања за улогата и функцијата на медиумите во  демократските општества, да можат критички да пристапат, да ги анализираат содржините и пораките од различни видови на медиуми, интернет  или реклами.

Семинарот  за професорите од основните  училишта од регионот го  организираше  Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми  во Република Македонија, со подршка на програмата  “Матра“  од  Министерството за надворешни работи  на Кралството Холандија.

OhridNews