Унапредени здравствените услуги во болниците „Св. Еразмо“ и „Св. Стефан“ за пациентите од државата и регионот. Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ реализиран од страна на Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија во болницата „Св.Еразмо“ е опремен современиот центар за физикална терапија, додека во ЈЗУ Кардиологија „Св. Стефан“ извршена е реконструкција на објектот, дигитализација со нов софвер и набавка на ехо апарат.
Преку презентацијата на денешните проекти ја потврдуваме нашата долгогодишна соработка со Швајцарската влада во насока на развој на сите 8 плански региони, а пред се насочена кон подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани, истакна при денешната презентација на резултатите од проектите за инфраструктурна поддршка, министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
Инвестицијата во „Св. Еразмо“ е насочена кон подобрување на квалитетот на услугата која ја нуди преку набавка на нова опрема која овозможува подобрување на рехабилитацискиот дел, односно набавена е опрема за хидромасажа и физикална терапија. Со тоа се подобрува квалитетот на овие услуги, надоградена и со квалитетот на самиот персонал. Во Специјализираната кардиолошка болница „Св. Стефан“ набавивме ехо апарат кој ги подобрува можностите и третманот на пациентите и го подигнува квалитетот на услугата која пациентите ја добиваат во оваа Установа. Практично и интенцијата во инвестирање во вакви проекти е развој на здравствениот туризам. Овие два центри се многу битни како за самата држава, така и во поширокиот регион. Даваат услуга која е квалитетна и издржана и не можете да ја најдете било каде, со што и тоа како може да придонесеме за зголемување на здравствениот туризам, истакна Перински.
Развојот или прераснувањето на Охрид како центар на здравствениот туризам во регионот е повеќе од очигледен со инвестициите не само во овие две болници, туку и инвестициите кои овој период се направени, а се од суштинско значење не само за пациентите од Охрид, туку и за поширокиот регион, рече градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Кога на оваа соработка помеѓу Македонската и Швајцарската влада и Центарот за развој на Југозападен плански регион би го додале и Центарот за нефрологија во Струга би имале една комплетна слика за тоа што овие центри кои се регионални и од суштинско значење ќе добијат на големо значење кај пациентите пред се во квалитетот на услугите и на специјалистичките услуги кои поединечно овие пациенти ги нудат. Мојата лична надеж е дека во наредниот период ќе продолжи оваа соработка на многу други полиња не само во здравството и како локална самоуправа и Центарот за развој на Југозападен плански регион ќе добиеме многу можности за соработка кои во иднина ќе значат многу генерално за граѓаните на овој регион, потенцираше Пецаков.
Директорот на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” , д-р Харалампие Шокароски, истакна дека овие инвестиции се од големо значење за самиот здравствен процес во Установата.
Значајни се за заокружување на рехабилитацијата, во постоперативниот третман на пациентите кои се оперираат кај нас како и пошироко во републиката како и од неколкуте други оперативни центри особено на пациенти операирани со ендопротези, фрактури, спортски повреди, нега и рехабилитација на пациенти со детска парализа…Особено ни се битни вакви специфични инвестиции во сегменти во кои што сме ретки во самата држава и сме доста атрактивни за самата популација на пациенти кои се третираат од отртопетско-трауматски зафати. Се надеваме дека ќе се привлечат и пациенти од регионот, бидејќи уше се наоѓаме во актуелна реконструкција. Со подобрување на условите и проширување на капацитетите дека ќе бидеме конкурентни и за пациентите, не само од Балканскиот регион, туку се трудиме да станеме конкурентни и за европските пациенти. Имаме доста пациенти кои во летниот период се третираат во нашата Болница како повреди, бидејќи туризмот си носи со себе активности. Има доста пациенти кои ги третираме и се презадоволни од услугите, додаде Шокароски.
Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман истакна дека преку поддршката на регионот и Општината да обезбедат добри услуги на пациентите, всушност се подобрува квалитетот на животот на луѓето.
Многу ми е мило што болницата „Св. Еразмо“, како и Кардиолошкиот центар, беа идентификувани како два важни проекти, затоа што овој механизам на партиципација покажува дека граѓаните имаат интерес за подобри здравствени услуги, а општините и двете Влади се подготвени да го поддржат тоа. Зборувавме многу за терапиите кои може да се добијат во оваа болница, како и во Кардиолошкиот центар, кои што се подобрени сега. Сакам да потенцирам дека беше направено инфраструктурно подобрување со цел да се намалат трошоците со користење на обновливата енергија, што на долгорочен план ќе ги намали трошоците за енергија на болницата и ќе се добие одржливост и подобрување на услугите за граѓаните. Ова е уникатна комбинација која што треба да се примени и на други места, потенцираше Улман.
Директорката на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ д-р Билјана Теговска посочи дека со реконструкцијата на дотрајаниот кров, фасада и столарија се добило енергетски ефикасен објект.
Со тоа се овозможи нашиот Оддел за рехабилитација да биде функционален преку целата година. Со набавка на новата ултразвучна ехо дијагностика вршиме побрзи и прецизни прегледи на пациентите, а се овозможи да може да се зголеми и бројот на прегледите и воведување на нови дијагностички процедури. Немаме проблем со навремено закажување на тремини на пациентите и следење на нивната историја, благодарејќи на интегративниот софтвер кој многу ги олесни и модернизира административните услуги. Се ова придонесе за подобра грижа за пациентите и овозможување на квалитетна медицинска здравствена услуга, истакна Теговска.
Директорот на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба посочи дека Одделот за физикална терапија е опремен со две нови галвански кади, лифти и апарат за криотерапија, додека во Кардиолошкиот центар интервенции се правени во поглед на енегретската ефикаснот на објектот, извршена е дигитализација со нов софвер за следење во реално време на пациентите и набавка на ехо апарат.
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска