Револтот на симпатизерите на Емирати и бурната реакција на Гранит Џака го одбележаа дуелот помеѓу Арсенал и Кристал Палас кој заврши без победник 2-2. Џака со пцовки и слекување на дресот реагираше на свирежите од навивачите кои неа беа задоволни од играта на „топчиите“.
Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери смета дека Џака кој е капитен погрешил и не требало да реагира така против навивачите кои добро му мислат на клубот.
Нема дилеми дали тој погреши. Да, погреши и ќе разговараме за тоа. Сакам трезвени глави и разговор за се што треба. – изјави Емери.
Арсенал после 10 одиграни натпревари се наоѓаа на петтата позиција со 16 бодови. Во следната рунда Арсенал силите ќе ги одмери со Вулверхемптон.
OhridNews